Во текот на ноќта 25/26.04.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при МВР спровела засилена акциска контрола на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров.
При контролата биле санкционирани вкупно 12 прекршоци. Осум возачи биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, додека две лица одбиле алкотестирање. Дополнително, три возачи биле санкционирани за други сообраќајни прекршоци.
Едно лице било лишено од слобода поради кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик, откако било утврдено дека управувало возило под дејство на алкохол со над 1,50 промили.
Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризикот од сообраќајни несреќи.








