ПРВ.мк
Црна Хроника

Без документи во странство: Македонски туристи жртви на кражба во Грција

Без документи во странство: Македонски туристи жртви на кражба во Грција

Македонски туристи кои престојувале во Грција споделија непријатно искуство, откако од нивниот автомобил биле украдени пасоши и други важни патни документи додека биле на плажа и на ручек.

Според нивното сведоштво, по заминувањето од Сивири застанале на паркингот во близина на Sahara Beach Club, каде што планирале да направат пауза за ручек. Кога се вратиле до возилото, забележале дека автомобилот бил провален, а од него исчезнала мала чанта во која се наоѓале документите.

Во кражбата биле одземени вкупно пет пасоши, меѓу кои документи на македонски државјани, како и пасоши на нивни пријатели со португалско и шпанско државјанство, заедно со други патни документи.

Настанот веднаш бил пријавен во грчката полиција, која извршила увид и составила службен записник. Според туристите, на снимките од безбедносните камери била забележана жена за која постои сомневање дека може да е поврзана со кражбата.

Тие ги повикуваат сите кои летуваат во Грција да бидат особено внимателни и никогаш да не оставаат пасоши, пари, накит или други вредни предмети во автомобилите, дури и кога возилото е паркирано на прометни туристички места. Според нив, ваквата претпазливост може да спречи сериозни проблеми и непријатности за време на одморот.