ПРВ.мк
Црна Хроника

„Беше сонцето на нашиот дом...“: Таткото на брутално убиената Ивана со порака што ги расплака сите!

„Беше сонцето на нашиот дом...“: Таткото на брутално убиената Ивана со порака што ги расплака сите!

Болката по загубата на дете не избледува, а тоа повторно го потврди Слободан Кривокапиќ, таткото на 26-годишната Ивана Кривокапиќ, која беше убиена во Белград кон крајот на 2022 година. Со емотивна објава на социјалните мрежи тој повторно ја отвори раната што неговото семејство ја носи секој ден.

Во својата порака, Слободан ја опиша својата ќерка како светлината на нивниот дом, нагласувајќи дека таа била најголемата сила за својот татко, утеха за мајката и искрен пријател на својот брат. Тој напиша дека нејзината насмевка сега осветлува некое подобро место и дека верува оти нејзиниот весел дух и понатаму ги радува ангелите, исто како што ги радувала своите најблиски додека била жива.

Убиството на Ивана Кривокапиќ ја потресе јавноста во регионот. Нејзиното безживотно тело беше пронајдено на 24 декември 2022 година во стан на белградската населба Звездара, откако членовите на семејството, загрижени бидејќи со денови не можеле да стапат во контакт со неа, ја отвориле вратата од станот.

Според наодите од истрагата, Ивана починала од задушување, а обдукцијата покажала дека имала повеќе повреди кои укажувале дека се обидувала да се одбрани од напаѓачот. Истражните органи соопштија дека на телото биле забележани повреди на вратот, лицето и рацете, што укажувало на жестока борба пред смртта.

Како главен осомничен за убиството е означен нејзиниот тогашен партнер, Јетмир Гочај од Црна Гора. Според обвинителството, по злосторството тој на социјалните мрежи објавувал фотографии и пораки за простување со Ивана, додека истрагата сè уште била во тек. Откако било потврдено дека станува збор за убиство, осомничениот исчезнал и оттогаш е во бегство.

По него е распишана меѓународна потерница, а надлежните институции и понатаму трагаат по неговата локација. Во меѓувреме, семејството на Ивана продолжува да живее со болката од загубата, очекувајќи случајот конечно да добие судска разрешница.