Тежок инцидент се случил во белградската населба Бољевци, каде што жена била нападната и искасана од кучиња додека се движела по улицата.
Според првичните информации, нападот се случил на улицата „Мира“, во близина на куќата со број 180. Жената се здобила со повеќекратни рани од каснување по телото и веднаш била пренесена во болница, каде ѝ била укажана медицинска помош.
Според информациите од српските медиуми, постои сомневање дека во нападот учествувале кучиња од расата доберман, но ова засега не е официјално потврдено.
Надлежните служби се очекува да извршат увид на местото на настанот и да ги утврдат сите околности под кои дошло до нападот. Во рамки на истрагата ќе се проверува и дали кучињата имале сопственик, како и евентуалната одговорност за инцидентот.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот и официјалното соопштение од надлежните институции.







