Во емотивна објава на социјалните мрежи, мајката на едно од младите момчиња кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, сподели длабока тага и болка по загубата на својот син.
Несреќата се случила на 21 мај околу 23:00 часот на скопската обиколница, кога камион излетал од патот, ја пробил банкината и преминал на спротивната лента, при што директно се судрил со патничко возило. Од силниот удар автомобилот се запалил, а пожарот се проширил и на камионот.
На социјалните мрежи се споделува и потресната порака на мајката на загинатиот Петар Миланов, која предизвика голем број реакции и сочувство.
Во нејзината објава таа пишува дека нејзиниот син бил „најголемата љубов и среќа“ во нејзиниот живот и дека болката од неговото прерано заминување е неизмерна. Таа се збогува со него со зборови полни со емоции, истакнувајќи дека засекогаш ќе го носи во своето срце.
Случајот ја потресе јавноста, а граѓаните изразуваат сочувство кон семејствата на загинатите.







