Во Бјелина (БиХ), вечерва десетгодишно дете паднало во отворена шахта пред Основното училиште, предизвикувајќи паника кај минувачите.
Сведоците веднаш интервенирале и успеале да го извлечат детето, кое, за среќа, не е повредено.
Полицијата пристигнала на местото, извршила увид и го обезбедила теренот, а околу 19 часот екипа на „Водовод“ ја оградила шахтата за да спречи повторна несреќа.
















