ПРВ.мк
Црна Хроника

Закани со пиштол во скопско – полицијата приведе младо момче

Закани со пиштол во скопско – полицијата приведе младо момче

Дваесет и двегодишен жител на скопското село Страхојадица е приведен поради сомнение дека со пиштол им се заканувал на повеќе лица во близина на железничката станица во Зелениково, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, инцидентот се случил на 5 јули околу 21:10 часот, кога В.И. (22), заедно со Е.Б. (24), упатувал закани со пиштол кон 41-годишниот И.М. и уште неколку лица.

Во пријавата е наведено и дека Е.Б. физички нападнал 35-годишен маж, при што настанот бил веднаш пријавен во полиција.

Осомничениот В.И. бил лишен од слобода наредниот ден, а за случајот е известен и јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.