ПРВ.мк

Автомобил излета од пат, тешко повредени возачот и сопатничката

Автомобил излета од пат, тешко повредени возачот и сопатничката
Vero

На 22.05.2025 околу 09.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран