Полицијата во Куманово истражува сомнежи за сексуална злоупотреба и злоупотреба на интимни материјали на 16-годишно девојче од село во Општина Липково. Според информации на Алсат од извори внатре во полицијата, во неформални околности е дознаено дека 16-годишното девојче било изложено на злоупотреба со месеци од страна на неколку лица за сексуални услуги и финансиски придобивки. Лицата кои се сомничат се со различна возраст. Во овој случај е уапсено едно лице, додека за идентификација на другите се уште се работи. „На 2 јануари, полицијата во Куманово го уапси 31-годишникот со иницијали Н.А. од село Слупчане, Општина Липково. Сомнежите за неговото апсење се базираат на заканите што тој ги упатил на малолетно девојче, дека додека не му даде пари, ќе објави експлицитни фотографии“, велат од МВР. Во сомнеж се вклучени најмалку 17 лица. Пријавата, според неформални информации, ја поднел таткото на малолетничката со иницијали С.Ј., жител на село во Општина Липково. Според пријавата, за која полицијата сè уште работи, злоупотребата и условувањето на малолетничката за финансиски интереси се случувале од јуни минатата година. Според Кривичниот законик, за кривичните дела злоупотреба или условување за пари или сексуални услуги е предвидена казна затвор до 10 години. Повисока казна се предвидува кога делото е извршено од група лица.
Црна Хроника
АЛАРМ ЗА ЦЕЛАТА ДРЖАВА: Откриена мрежа што уценувала и злоставувала малолетничка од Липково - ова се деталите!

Поврзани написи

Црна Хроника
ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Две млади лица пронајдени мртви во викендица!
9 јануари 2026

Црна Хроника
ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Жена починала по липосукција - ова се деталите!
8 јануари 2026

Црна Хроника
ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: 39 лица уапсени за финансиска измама - еве со колку го оштетиле буџетот!
8 јануари 2026











