Сообраќајна несреќа се случи денеска на Булевар „Св. Наум Охридски“ во близина на охридската населба Рача, каде што се судриле неколку патнички возила.
Според првичните неофицијални информации, во несреќата нема повредени лица, но причинета е материјална штета на возилата кои учествувале во судирот.
На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници кои извршиле увид и започнале со утврдување на причините и околностите под кои дошло до несреќата.
Поради сообраќајката, движењето на возилата на овој дел од булеварот се одвиваше отежнато, а возачите беа принудени да возат со намалена брзина додека траеше интервенцијата на надлежните служби.
Од полицијата засега не соопштуваат повеќе детали за настанот, а дополнителни информации се очекуваат по завршувањето на увидот.
Надлежните повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и да бидат особено внимателни во периоди на зголемена фреквенција на возила, со цел да се избегнат несакани последици и сообраќајни незгоди.







