Основниот суд донесе првостепена пресуда од 18 години затвор за 56-годишниот Васил Режак од селото Сретеново, Општина Дојран, кој беше прогласен за виновен за убиство на свиреп начин извршено на 1 ноември минатата година.
Според обвинението, Режак и неговиот пријател Никола Тимев претходно заедно консумирале алкохол, по што меѓу нив избувнала вербална расправија која прераснала во физички напад.
Обвинетиот најпрво го удирал Тимев со тупаници и клоци, а потоа го нападнал и со метална шипка, нанесувајќи му повеќекратни скршеници на екстремитетите и черепот. Според обвинителството, нападот траел речиси половина час, по што Режак го оставил тешко повредениот маж на местото и си заминал.
Повредениот подоцна бил забележан од случајни минувачи, кои повикале Итна медицинска помош. Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, но им подлегнал на тешките повреди.
Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба пред повисокиот суд.







