ПРВ.мк
Црна Хроника

Падна осомничениот за разбојништва: Апсење по полициска акција во Скопје - еве колку кражби извршил!

Падна осомничениот за разбојништва: Апсење по полициска акција во Скопје - еве колку кражби извршил!

Полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 41-годишниот О.А. од Скопје, кој се сомничи дека извршил две тешки кривични дела – „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, првиот инцидент се случил на 12 јуни на кејот „Димитар Влахов“. Осомничениот, заедно со уште две лица, физички нападнал 38-годишен маж, по што му одзел велосипед, паричник со пари и лични документи.

Вториот случај бил регистриран на 10 јули на булеварот „Кочо Рацин“. Според пријавеното, О.А. со употреба на физичка сила и закана со остар предмет нападнал 45-годишна жена, од која одзел паричник во кој имало пари и лични документи.

Од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје информираат дека случаите се расчистуваат, а по нивното целосно документирање против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка.