ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВО УБИСТВО – 19 убоди со нож, откриена страшна вистина зад бруталниот напад! - Ова се деталите

КРВАВО УБИСТВО – 19 убоди со нож, откриена страшна вистина зад бруталниот напад! - Ова се деталите

Вистински шок ја потресе Грција и Босна и Херцеговина по апсењето на 34-годишен државјанин на БиХ, осомничен за брутално убиство на грчкиот остров Парос.

Според истрагата, злосторството се случило во октомври минатата година во местото Науса, кога осомничениот наводно упаднал во домот на 44-годишен маж и го нападнал со нож, нанесувајќи му дури 19 убоди. Жртвата починала на самото место од здобиените повреди.

По нападот, осомничениот побегнал од островот, а потоа и од Грција, поради што била распишана црвена потерница од Интерпол. По повеќемесечна потрага, тој бил уапсен во Босна и Херцеговина и предаден на грчките власти.

Сега се очекува да биде изведен пред надлежниот суд во Сирас, додека истрагата открива и можни соучесници. Според сомнежите, уште двајца државјани на БиХ можеби помогнале во логистиката на злосторството и бегството по убиството.

Истрагата продолжува, а случајот е опишан како еден од најбруталните криминални инциденти во регионот во последниот период.