Брза интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес денеска дојави за паднато лице во реката Вардар кај Железниот мост.
Според информациите од ТППЕ Велес, дојавата била примена на 18 јуни во 10:40 часот, по што на местото веднаш било испратено едно противпожарно возило со тројца пожарникари.
По пристигнувањето на терен, лицето било успешно извлечено од водите на Вардар. Засега не се соопштени дополнителни информации за неговата здравствена состојба или за околностите под кои паднало во реката.
Од ТППЕ Велес потсетуваат дека граѓаните во случај на пожар или друга итна состојба можат веднаш да пријават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.







