ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА НА ПОЗНАТО ТУРИСТИЧКО МЕСТО - Ајкула нападнала и убила нуркач!

ТРАГЕДИЈА НА ПОЗНАТО ТУРИСТИЧКО МЕСТО - Ајкула нападнала и убила нуркач!

Во близина на градот Albany на западниот дел од Western Australia се случи трагичен напад од ајкула во кој животот го загуби 35-годишен маж.

Според локалната полиција, жртвата починала и покрај двочасовните обиди на итните медицински служби да го реанимираат по нападот.

Инцидентот се случил во саботата наутро, додека мажот бил со своето семејство и ловел риба со подводна пушка во близина на островот Michaelmas Island, кој се наоѓа крај брегот на Албани, околу 375 километри југоисточно од градот Perth.

Итните служби веднаш биле повикани по пријава за можен напад од ајкула. Жртвата била извлечена со брод до брегот, каде медицинските екипи се обиделе да го спасат неговиот живот, но без успех.

Властите соопштија дека се претпоставува оти ајкулата била долга околу 4,5 до 5 метри и дека нападот се случил непосредно пред 11:30 часот по локално време.

По трагедијата, надлежните служби апелираат граѓаните да бидат особено внимателни и да ги почитуваат сите забрани за пристап до плажите во регионот, додека полицијата и министерството спроведуваат истрага и подготвуваат извештај за случајот.