ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во Карпош – 58-годишник пронајден мртов во базен

Драма во Карпош – 58-годишник пронајден мртов во базен

Трагичен настан бил пријавен вчера попладне во Скопје, откако 58-годишен маж бил пронајден починат во базен во двор од куќа на подрачјето на Карпош.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 18:15 часот. На местото на настанот веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош, но лекар можел само да констатира смрт.

Од првичниот преглед било утврдено дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство. Сепак, поради целосно утврдување на причините за смртта, по насоки на јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина, каде ќе биде извршена обдукција.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а надлежните продолжуваат со преземање мерки за расчистување на сите околности поврзани со случајот.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на обдукцијата и дополнителните проверки.