ПРВ.мк
Црна Хроника

Млад возач прегази жена во Мичурин - МВР со детали!

Млад возач прегази жена во Мичурин - МВР со детали!

На 5 јуни 2026 година во 19:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Атанас Митрев“ во скопската населба Мичурин се случила сообраќајна несреќа.

Според информациите, патничко возило „Опел Вектра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Д.В. од Скопје, удрило во 78-годишната пешачка С.О., исто така од Скопје.

Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните работат на целосно расчистување на случајот.