ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ ВО РАЈОТ: Потврдена нова жртва и хаос на Карибите

(ВИДЕО) ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ ВО РАЈОТ: Потврдена нова жртва и хаос на Карибите

Голем пожар избувна во популарен туристички комплекс во Доминиканската Република, при што животот го загуби најмалку едно лице, а повеќе други се повредени. Поради брзото ширење на огнот, итно биле евакуирани околу 1.700 гости.

Пожарот избувнал во резортот „Viva Dominicus Bayahibe“ во покраината Ла Алтаграсја, а црн густ чад можел да се види од голема далечина. Снимките од местото покажуваат како пламените јазици го зафаќаат дел од луксузниот комплекс.

Според службите за итни случаи, животот го загубила 46-годишна државјанка на Италија, додека три лица биле пренесени во болница, а уште неколку добиле медицинска помош на лице место. Меѓу евакуираните имало туристи, вработени и припадници на спасувачките служби.

Огнот брзо се проширил поради лесно запаливи материјали во кровната конструкција, како и поради силниот ветер во регионот. Иако пожарот подоцна бил ставен под контрола, причините за неговото избувнување сè уште се истражуваат.

Гостите на комплексот биле префрлени во други блиски хотели, додека туристичките активности во пошироката област засега продолжуваат без поголеми нарушувања.

Спасувачките служби реагирале брзо, но сведоци опишуваат драматични сцени, со огнена стихија која за кратко време зафатила голем дел од објектот.

Истрагата треба да утврди како дошло до пожарот и дали биле испочитувани сите безбедносни стандарди во еден од најпосетените туристички комплекси на Карибите.

ВИДЕО