ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија: Гром усмрти маж во сопствениот двор

Трагедија: Гром усмрти маж во сопствениот двор

Трагичен настан се случи во селото Петница кај Чачак, каде што 79-годишен маж го загуби животот по удар од гром за време на невреме.

Според информациите од локалните медиуми, несреќниот човек во моментот на невремето се наоѓал пред својата куќа и се обидувал да се засолни од дождот. Во тие моменти гром удрил во близина на домот, при што мажот бил директно погоден.

Соседите велат дека временските услови нагло се влошиле и дека сè се случило за многу кратко време. Веднаш по инцидентот на местото пристигнале екипи на Итната медицинска помош и пожарникари, кои се обиделе да помогнат.

Повредениот бил пренесуван кон болница, но за жал им подлегнал на тешките повреди на патот. Лекарите безуспешно се обидувале да го реанимираат.

Во куќата во моментот на ударот се наоѓала и неговата сопруга. Таа преживеала, добила медицинска помош и е задржана на лекување во болница.

Ударот од гром предизвикал и оштетување на електричната инсталација во семејниот дом, по што избувнал помал пожар. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот бил навреме локализиран и спречено било негово понатамошно ширење.

Жителите на селото се во шок по трагедијата, истакнувајќи дека станува збор за мирно семејство кое со години живеело во ова место.