ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО КАЗИНО: Брутален напад врз лице од обезбедувањето - еве во каква состојба е сега!

ДРАМА ВО КАЗИНО: Брутален напад врз лице од обезбедувањето - еве во каква состојба е сега!
Kristal

Полицијата поднесе кривична пријава против О.Б. (40) од Прилеп, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“, откако физички нападнал лице од обезбедувањето во казино и му нанел сериозни повреди.

Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил на 28 декември 2025 година во казино во Прилеп, кога пријавениот влегол во конфликт со вработен од обезбедувањето, по што ситуацијата ескалирала во насилен напад.

Во нападот, обезбедувачот се здобил со тешки телесни повреди, поради што случајот бил квалификуван како сериозно кривично дело.

Од ОВР Прилеп информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции ќе постапуваат понатаму согласно законските процедури.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo