ПРВ.мк
Црна Хроника

Отишла на работа и заборавила на детето – бебе почина во прегреан автомобил

Отишла на работа и заборавила на детето – бебе почина во прегреан автомобил

Едногодишно дете го загуби животот во американската држава Вашингтон откако било оставено во паркиран автомобил пред болница речиси девет часа.

Според информациите на локалната полиција, старателката пристигнала на работа околу 8 часот наутро и не сфатила дека детето останало во возилото. На трагичната грешка се сетила дури по завршувањето на смената, кога по 17 часот се вратила на паркингот.

Детето веднаш било пренесено во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

Иако надворешната температура тој ден била меѓу 21 и 23 Целзиусови степени, според американските медиуми, во внатрешноста на автомобилот температурата достигнала околу 43 степени.

Полицијата соопшти дека семејството целосно соработува со истрагата и засега не е покренато обвинение.

Според организацијата NoHeatStroke.org, во САД во просек 38 деца помлади од 15 години секоја година умираат откако биле оставени во прегреани автомобили. Најмногу вакви трагедии се регистрирани во 2018 и 2019 година, кога животот го загубиле по 53 деца.