ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ПАНИКА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА: Автомобил пламна пред очите на сите, мајка и дете спасени во последен момент

(ВИДЕО) ПАНИКА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА: Автомобил пламна пред очите на сите, мајка и дете спасени во последен момент

Вистинска драма се случила на бензинска пумпа во Руменка, во близина на Нови Сад, откако автомобил ненадејно се запалил додека во него се наоѓале мајка и дете.

Според информациите што се појавија на социјалните мрежи, пожарот брзо го зафатил возилото, а ситуацијата можела да заврши со тешки последици. За среќа, луѓето кои се нашле во близина веднаш реагирале и успеале да ги извлечат жената и детето од автомобилот пред огнот целосно да го зафати возилото.

На видеото објавено на социјалните мрежи може да се види возило зафатено од силен пламен, додека присутните се обидуваат да помогнат и да спречат поголема несреќа.

Во моментов нема официјални информации за здравствената состојба на мајката и детето, како ниту за причината поради која избувнал пожарот.

Надлежните служби ќе извршат увид, по што ќе бидат познати повеќе детали за инцидентот и причините што довеле до запалување на автомобилот.

ВИДЕО