ПРВ.мк
Црна Хроника

Необичен инцидент во Тетово: Оштетена хауба открила куршум во паркирано возило

Необичен инцидент во Тетово: Оштетена хауба открила куршум во паркирано возило

Жител на гостиварското село Равен пријавил во СВР Тетово дека на неговото паркирано возило „Рено Каптур“ забележал оштетување на предната хауба, кое наликувало на дупка.

По пријавата, увидна екипа извршила увид на местото на настанот. При прегледот на возилото, под моторот, на заштитната маска, бил пронајден проектил од засега непознат калибар, кој бил подигнат за понатамошно вештачење.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот и за целосно расчистување на случајот.