На 9 јануари 2026 година, во 17:07 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во стан на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје бил пронајден починат А.М. (48) од Скопје.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција за утврдување на причините за смртта.
















