ПРВ.мк
Црна Хроника

Автомобил целосно изгоре во Скопје – пожарот зафатил уште две возила

Автомобил целосно изгоре во Скопје – пожарот зафатил уште две возила

Целосно изгоре автомобил во раните утрински часови во Скопје, а пожарот предизвикал штета и на уште две други возила, како и на дел од станбена зграда и угостителски објект.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен околу 04:15 часот на улицата „Џон Кенеди“. Во пожарот целосно било зафатено патничко возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 34-годишно лице.

Пламените јазици потоа се прошириле и на уште две паркирани возила – „Мерцедес“ и „Опел“, кои исто така претрпеле материјална штета.

Освен возилата, од пожарот бил оштетен и дел од фасадата на блиската станбена зграда, како и прозорците на угостителски објект во непосредна близина.

На местото интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот и за целосно расчистување на случајот.