ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ПОЧИНАТИОТ КРИСТИЈАН ПРОГОВОРИЈА: „НИКОГАШ НЕ ПРАВЕШЕ ПРОБЛЕМИ, БЕШЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО МИРЕН ЧОВЕК“

ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ПОЧИНАТИОТ КРИСТИЈАН ПРОГОВОРИЈА: „НИКОГАШ НЕ ПРАВЕШЕ ПРОБЛЕМИ, БЕШЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО МИРЕН ЧОВЕК“

Неговата смрт ја потресе хрватската јавност, а особено луѓето кои со години го познавале и соработувале со него.

Марко Каталиниќ, тренер во Атлетскиот клуб „Аграм“, каде што Кристијан настапувал со години, го опишува како исклучително пријатен и мирен човек.

„Беше единствен. Никогаш не правеше проблеми, никогаш не се случил никаков инцидент. Беше исклучително мирен, пристоен, фин, духовит и шармантен“, изјавил неговиот тренер.

Кристијан се приклучил на клубот во 2013 година, а во текот на спортската кариера освоил повеќе значајни признанија. Бил двократен зимски јуниорски шампион на Хрватска во фрлачки дисциплини, а подоцна освоил и три бронзени медали на сениорски натпреварувања.

Покрај спортот, имал и други интереси, а се испробал и во телевизиското музичко шоу „Суперстар“.

За него проговорил и адвокатот Леон Зрниќ, кој го застапува неговото семејство.

„Го познавам долго време. Беше прекрасна личност, многу посветена на семејството и пријателите“, изјавил адвокатот, додавајќи дека на последното испраќање на Кристијан присуствувале повеќе од 300 луѓе.

Во меѓувреме, истрагата за неговата смрт продолжува. Четворица медицински техничари се осомничени за тешко убиство, а нивната евентуална кривична одговорност треба да биде утврдена во судска постапка.