Македонската научна јавност остана без истакнат историчар и долгогодишен научен работник. По кратко боледување, денес почина проф. д-р Катерина Мирчевска, соопшти Институтот за национална историја.
Од Институтот изразија длабока жалост, нагласувајќи дека Мирчевска беше долгогодишен научен советник, посветен истражувач и врвен професионалец, која со својата работа и човечки вредности остави значаен белег во македонската историографија.
Во соопштението се истакнува дека нејзиниот богат научен опус, професионалниот интегритет и искрената посветеност кон историската наука ќе останат трајно сведоштво за нејзиниот придонес во развојот на научната мисла во Македонија.
Колегите ја паметат како личност која несебично го споделуваше своето знаење, соработуваше со бројни генерации истражувачи и придонесе за афирмација на македонската историографија.
Институтот за национална историја упати искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите кои имаа можност да соработуваат и да ја познаваат проф. д-р Катерина Мирчевска. Нейзиниот научен и професионален придонес ќе остане траен дел од македонската историска наука.







