ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Малолетници се обиделе да ограбат маж, па го избоделе - еве колку лица се приведени!

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Малолетници се обиделе да ограбат маж, па го избоделе - еве колку лица се приведени!

Двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години од Тетово биле лишени од слобода на 29 октомври 2026 година, откако, според информациите од полицијата, физички нападнале 62-годишен маж и му одзеле пари.

Настанот се случил околу 12:30 часот во близина на трговски центар во Тетово. Двајцата малолетници го нападнале М.Ш. (62) од селото Одри, тетовско, по што му ги одзеле парите.

Во обид да го задржи едниот од напаѓачите, 62-годишниот маж успеал да го совлада 17-годишникот, но при тоа малолетникот со остар предмет му нанел повреда.

Во тој момент покрај местото на настанот поминувала полициска патрола, чии припадници веднаш интервенирале и го лишиле од слобода 17-годишникот.

Полицијата продолжила со преземање мерки за пронаоѓање на вториот учесник во нападот. Тој бил пронајден и приведен во 16:15 часот на улицата „Вон Вадарска“ во Тетово.

Двајцата малолетници биле задржани во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести