ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор на автопат – Камион удри автомобил, колоната е долга неколку километри!

Хорор на автопат – Камион удри автомобил, колоната е долга неколку километри!

Попладневните часови на Ибарската магистрала кај Прељина, Чачак, беа обележани со тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа камион и патничко возило. Според првичните информации, камион со странски регистарски таблички удрил одзади автомобил што се движел пред него.

Очевидци велат дека ударот бил силен, а засега не е познато дали има повредени лица. На местото веднаш пристигнала сообраќајната полиција која започнала увид.

Поради долготрајниот увид, на оваа фреквентна делница се создаде огромна колона возила која се протегала километри, сè до скретницата за Горно Трепче. Возачите останаа заглавени со часови, а нервозата и нетрпението дополнително ја отежнаа ситуацијата.

Оваа несреќа е само една во низата инциденти кои последниве денови ја потресуваат Србија – од автомобил што пробил ограда и завршил во контра смер кај Велика Плана, до морничав директен судар на два шлепери кај Аранѓеловац.

Полицијата најави дека со понатамошната истрага ќе се утврдат сите околности кои довеле до несреќата кај Прељина. Јавноста очекува одговори, а возачите предупредување за поголема внимателност на патиштата.