Осум лица се лишени од слобода на територијата на државата во текот на изминатото деноноќие, откако кај нив била пронајдена дрога, информира Министерството за внатрешни работи.
Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста материја.
Во Тетово, на улицата „Илинденска“, во 23:40 часот бил приведен Е.Б. (19) од Тетово, откако при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во Битола, околу 01:00 часот на улицата „Партизанска“, во близина на спортската сала, полициски службеници го лишиле од слобода С.Т. од Битола, кај кого исто така била пронајдена марихуана.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни пријави и поднесоци согласно законските процедури.







