ПРВ.мк
Црна Хроника

Арсенал оружје пронајден при претрес во Тетовско - еве за што требало да биде употребено!

Арсенал оружје пронајден при претрес во Тетовско - еве за што требало да биде употребено!
Kristal

Во координирана полициска акција во Тетовски регион, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе две кривични пријави.

Првата е против 20-годишниот К.Х. од Мала Речица, кој преку социјалната апликација „Дискорд“ упатил сериозна закана за масовен вооружен напад, инспириран од трагедијата од 14.12.2012 година во САД, кога Adam Lanza уби 26 лица во училиште. Министерството за внатрешни работи наведува дека К.Х. имал нарушено психичко здравје и бил подготвен да изврши напад со автоматска пушка АК-47.

Втората кривична пријава е против 89-годишен маж за недозволено поседување и тргување со оружје.

Акцијата била спроведена по добиени информации од ФБИ и Амбасадата на САД во Скопје. По идентификацијата на К.Х., на 17.02.2026 бил извршен претрес во неговиот дом во Мала Речица со асистенција од САЕ „Тигар“ и во координација со Основно јавно обвинителство ГОКК.

За време на претресите биле одземени:

  • Автоматска пушка АК-47 со две рамки со 40 куршуми (7.62x39мм)
  • Пиштол „М57“ со две рамки со 49 куршуми
  • Пиштол „CHEROKEE“ со две рамки и повеќе од 600 куршуми (9мм)
  • Тактички елеци и борбени панцири
  • Ножеви со различна должина на сечиво
  • Разни електронски доказни материјали

Двете лица се лишени од слобода. Против К.Х. е поднесена кривична пријава за „тероризам“ по член 394-б став 2 од Кривичниот законик, додека против Џ.Х. е поднесена кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 од КЗ.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape