ПРВ.мк
Црна Хроника

ОБВИНЕТ ЗА УЦЕНА – Му се заканувал дека ќе објави снимка ако не добие 5.000 евра

ОБВИНЕТ ЗА УЦЕНА – Му се заканувал дека ќе објави снимка ако не добие 5.000 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Г.Г. (35) од селото Чегране, поради сомнение дека сторил кривично дело „уцена“.

Според информациите од полицијата, на 21 март 2026 година во селото Боговиње, осомничениот од лице со иницијали Н.И. побарал 5.000 евра, при што претходно без негово знаење снимил разговор меѓу нив.

Како што соопшти СВР Тетово, по снимањето тој наводно му се заканувал на оштетениот дека ќе ја објави снимката доколку не му биде исплатена бараната сума.

Поради овие сомнежи, против 35-годишникот е поднесена кривична пријава, а надлежните институции ќе ја продолжат постапката за целосно расчистување на случајот.