ПРВ.мк
Црна Хроника

„Со години го тероризираат градот“: Закани со експлицитни снимки, брачен пар изнуден за речиси 100.000 евра!

„Со години го тероризираат градот“: Закани со експлицитни снимки, брачен пар изнуден за речиси 100.000 евра!
Kristal

Скандал ја потресе јавноста во Нови Пазар откако беа уапсени три лица, а по едно сè уште се трага, под сомнение дека со месеци уценувале брачен пар и им изнудиле огромна сума пари.

Според истрагата на Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар, осомничените од јануари 2025 до февруари 2026 година од брачен пар на возраст од 65 и 61 година изнудиле околу 97.000 евра. Тие им се заканувале дека ќе објават експлицитни снимки од сопругата доколку не им бидат исплатени парите.

Двајца од осомничените биле приведени во моментот кога преземале дел од парите, а подоцна била уапсена и жена за која се сомнева дека била организатор на целата шема. По уште едно лице сè уште се трага.

Неофицијално, еден од осомничените и претходно бил осудуван и издржувал затворска казна поради трговија со дрога.

Жители на Нови Пазар тврдат дека групата со години била поврзувана со криминални активности и дека ова не е прв случај на уцена. Според нив, стравот во градот е голем и ретко кој сака јавно да зборува.

Истрагата е во тек, а обвинителството најавува кривично гонење за уцена и други поврзани дела.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo