ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВА ПРЕСУДА: Апелација го засилила казнувањето на Бесими и Етеми - еве какви казни добија!

НОВА ПРЕСУДА: Апелација го засилила казнувањето на Бесими и Етеми - еве какви казни добија!
Kristal

Апелациониот суд во Гостивар донесе пресуда со која значително ги заостри казните поврзани со трагедијата во модуларната болница во Тетово. Наместо претходните алтернативни мерки, обвинетите Фљорин Бесими и Артан Етеми сега ќе одлежат по три години затвор, а правното лице – Клиничка болница Тетово – е осудено на парична казна од 1.300.000 денари.

Судот ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство Тетово и жалбите на оштетените, оценувајќи ги како основани, додека жалбите на одбраната беа отфрлени. Со оваа одлука се преиначува првостепената пресуда во делот на санкциите, прилагодувајќи ги казните на степенот на кривичната одговорност и на последиците од делото.

Обвинетите беа прогласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Апелациониот суд посочи дека кобната ноќ во модуларната болница резултираше со загуба на 14 животи – 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19 и двајца роднини на болните.

Во образложението се истакнува дека трагичниот исход и сериозноста на делото налагаат поостри казни, со цел да се задоволи правдата за жртвите и нивните семејства, и да се испрати јасна порака за одговорност при управување со здравствените установи.

FixCredit
Escape