ПРВ.мк
Црна Хроника

ВИСТИНСКИ СПОРТСКИ ХЕРОИ: Тиквеш покажаа што значи човечност на патот!

ВИСТИНСКИ СПОРТСКИ ХЕРОИ: Тиквеш покажаа што значи човечност на патот!

Играчите и стручниот тим на ФК Тиквеш покажаа вистинска хуманост откако на враќање од Скопје кон Кавадарци наидоа на тешка сообраќајна несреќа.

Автобусот со кој се враќаа по победата над ФК Македонија Ѓорче Петров застанал кај клучката на Мирковци, откако дел од тимот забележал повредени лица на патот.

Без двоумење, медицинскиот персонал на клубот – доктори и физиотерапевти – заедно со фудбалерите и стручниот штаб излегле од автобусот и пружиле прва помош на настраданите.

Сведоци велат дека реакцијата била брза и организирана, а нивната интервенција помогнала во стабилизирање на повредените до доаѓањето на итната помош.

Овој потег е поздравен како пример за вистинска солидарност и човечност, а клубот од Кавадарци добива бројни пофалби од јавноста.

Настанот уште еднаш потсети дека спортот не е само резултат и натпревар, туку и вредности – храброст, емпатија и помагање кога е најпотребно.