Обид за поткуп бил евидентиран на граничниот премин Ќафасан во попладневните часови на 27 декември, кога албански државјанин се обидел незаконски да влијае врз службено лице при извршување на службени должности.
Според информациите од полицијата, околу 14:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.К. (41) од Република Албанија. За време на спроведување на редовна гранична и пасошка контрола, тој ѝ понудил паричен поткуп на полициска службеничка, оставајќи банкноти преку прозорецот од кабината на шалтерот, со цел да добие поволно постапување.
Полициската службеничка веднаш го пријавила настанот, по што лицето било приведено и спроведено во полициска станица. Паринот бил одземен како доказен материјал.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
















