Во Софија, бугарската полиција спроведе специјална акција во која беа приведени 50-годишен маж и 55-годишна жена, а при претреси на неколку локации беа пронајдени значителни количини дрога и оружје, соопшти МВР.
Според официјалното соопштение:
- 40 килограми МDMA
- Близу 2 килограми кокаин
- Околу 3 килограми канабис
- Над 10 килограми мешавина од хероин и фентанил
- Две автоматски оружја и два пиштола
Полицијата истакнува дека имотот што бил претресен се третира како депо од кое се снабдувале главните наркодилери во Софија. Првичните информации што се појавија во медиумите не биле целосно точни – не станува збор за чист фентанил, туку за мешавина со хероин, додека синтетичката дрога е наведена како МDMA.
Случајот се смета за рекорден за главниот град поради количината на фентанил поврзана супстанца, а МВР веќе отвори предистражна постапка. Материјалите ќе бидат доставени до Софиското градско обвинителство, додека истрагата се насочува кон тоа дали депото снабдувало поширока дилерска мрежа.
Надлежните не објавија обвиненија, но не ја исклучуваат можноста за поврзаност и на други лица.


















