ПРВ.мк
Црна Хроника

Скопјанец уапсен поради закани со нож кон сопругата и децата

Скопјанец уапсен поради закани со нож кон сопругата и децата

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне лишиле од слобода 54-годишен жител на Скопје, откако бил пријавен за семејно насилство во населбата Ѓорче Петров.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мажот претходно во семејниот дом со остар предмет упатувал закани кон својата 48-годишна сопруга и нивните деца.

По добиената пријава, полицијата веднаш интервенирала и го привела осомничениот.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против 54-годишникот.