ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА СЦЕНА: Маж пронајден ранет во локва крв

КРВАВА СЦЕНА: Маж пронајден ранет во локва крв

Во Нови Сад денеска попладне е пријавено пукање на Булеварот на ослободувањето, по што на местото веднаш биле испратени повеќе полициски патроли.

Според неофицијални информации, Итната медицинска помош ја известила полицијата откако на местото пронашла маж кој лежел во локва крв.

Првичните сознанија укажуваат дека непознат маж бил застрелан во ногата, но засега не се познати околностите под кои дошло до инцидентот, ниту идентитетот на напаѓачот.

Полицијата врши увид и работи на утврдување на сите детали околу случајот, додека се очекуваат повеќе официјални информации по завршувањето на истрагата.