ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕГОТИНО ПОД ЛУПА: Маж чувал нелегално оружје - еве што се пронајде полицијата!

НЕГОТИНО ПОД ЛУПА: Маж чувал нелегално оружје - еве што се пронајде полицијата!
Kristal

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 10:00 часот го лишиле од слобода П.К. (48) од Неготино, по спроведена акција со судска наредба.

При претрес во неговиот дом, извршен по наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени ловна пушка и 92 парчиња муниција, за кои лицето не поседувало соодветна документација.

Дополнително, со друга судска наредба бил извршен претрес и во викенд куќа на локација викана „Дошница“ во демиркапискиот регион, каде биле откриени и одземени уште 23 ловни патрони, исто така без дозвола.

П.К. бил приведен во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава согласно законот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo