ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма кај Козјак: Мотоциклист тешко повреден по излетување од патот

Драма кај Козјак: Мотоциклист тешко повреден по излетување од патот

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на селото Нова Брезница, при што тешко е повреден мотоциклист.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 16:00 часот во СВР Скопје. Во неа учествувал 36-годишниот В.М. од Скопје, кој управувал мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки.

Од засега непознати причини, мотоциклистот изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана медицинска помош.

На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.