На 17.04.2026 година во 17:40 часот, на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.И. (31) од Штип, со привремен престој во Струга.
При контрола кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес и во просториите каде што престојувал, при што повторно била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.










