Најмалку седум пешаци се повредени во инцидент што се случил денес во центарот на Модена, во северна Италија, јавуваат италијанските медиуми.
Според првичните информации, автомобил влетал во група луѓе на улица, по што продолжил и удрил во излог на продавница, предизвикувајќи паника и хаос во централното градско подрачје.
Очевидци наведуваат дека возачот потоа излегол од возилото и со нож нападнал минувач кој се обидел да го спречи, при што лицето било повредено.
Италијанската полиција го обезбедила местото на настанот, а истрагата за мотивите и околностите на инцидентот е во тек.









