Утринава околу 10:30 часот, во непосредна близина на велешкиот музеј, патнички автомобил од засега непознати причини бил зафатен од силен оган. Густ чад се издигнал над централниот дел на градот, што веднаш предизвикало паника меѓу граѓаните кои се нашле во близина и го пријавиле настанот.
Според првичните неофицијални информации, се работи за возило од марката „Форд Фокус“. Пламените јазици брзо се ширеле, но навременото пристигнување на екипите од Противпожарната единица Велес спречило поголема штета. Пожарникарите за кратко време успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.
За време на интервенцијата, сообраќајот на овој дел од улицата бил целосно стопиран, но по завршувањето на акцијата повторно е воспоставено нормално одвивање.
Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а надлежните служби ќе го истражуваат случајот.
















