ПРВ.мк
Македонија

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Медицинско возило нагло закочило, има повредени - ова се деталите!

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Медицинско возило нагло закочило, има повредени - ова се деталите!
Kristal

На 19 ноември околу 12:01 часот во Скопје се случи сериозна сообраќајна несреќа. Медицинско возило „Рено Трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, нагло запрело за да избегне судир со друго возило кое го напуштило местото на настанот.

Во несреќата тешки повреди здобила 26-годишна лекарка од установата, А.М., додека 41-годишната А.Р., исто така вработена во здравствената установа, се здобила со полесни телесни повреди.

За жал, 89-годишниот пациент Ј.Т., кој се превезувал во возилото, по пренесувањето во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, починал. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Извршен е увид од екипи на СВР Скопје, а властите преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Escape