ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија: Млада девојка загина при банџи-скок- полицијата ги истражува околностите

Трагедија: Млада девојка загина при банџи-скок- полицијата ги истражува околностите

Дваесет и едногодишна девојка трагично го загубила животот за време на банџи-скокање во напуштен каменолом во германскиот град Варштајн, откако при скокот удрила во карпа.

Несреќата се случила во саботата, 10 октомври, околу 17:15 часот, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Според германскиот весник „Билд“, девојката потекнувала од градот Ашерслебен, а на местото пристигнала со четворица придружници од Саксонија-Анхалт.

Групата наводно самостојно изработила конструкција за банџи-скокање, иако напуштениот каменолом не бил официјално уреден за вакви активности.

За време на скокот, младата девојка удрила во карпа и се здобила со смртоносни повреди.

На местото пристигнале спасувачки екипи, кои се обиделе да ја реанимираат, но, за жал, не успеале да ѝ го спасат животот.

Полицијата првично се сомневала дека станува збор за несреќа при планинарење или искачување, но подоцна појаснила дека девојката не паднала во длабочина, туку удрила во карпестата површина за време на банџи-скокот.

Според досегашните информации, на карпата биле забележани и железни синџири, но сè уште не е утврдено дали тие имале некаква улога во трагедијата.

Четворицата придружници на починатата девојка биле во состојба на шок по несреќата.

Германската полиција продолжува со истрагата за да утврди како точно се случила несреќата и дали импровизираната конструкција била причина за трагичниот исход.

Најнови вести