Маж од Скопје бил пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако бил пронајден со повреда од нож во својот дом во општина Аеродром.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 04.06.2026 година во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено од Итната медицинска помош дека во дом на подрачјето на Аеродром бил пронајден повреден Д.Б. (46) од Скопје.
По укажаната прва помош, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошен медицински третман.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, а според првичните сознанија и изјавата на повредениот, тој сам се повредил со нож при пад во кујната додека работел.
За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните служби преземаат активности за целосно расчистување на околностите.






