ПРВ.мк
Црна Хроника

Исчезна сопругот на министерката – Биле заедно на чамец, а потоа тој мистериозно исчезнал во езерото - Во тек е голема спасувачка акција

Исчезна сопругот на министерката – Биле заедно на чамец, а потоа тој мистериозно исчезнал во езерото - Во тек е голема спасувачка акција

Во Италија е во тек обемна потрага по Луиџи Кавалари, сопруг на министерката за семејни прашања Еугенија Рочела, кој исчезнал во езерото Вико, недалеку од Рим.

Според првичните информации, Кавалари бил на чамец заедно со сопругата кога завршил во водата. Засега не е познато дали самиот скокнал или случајно паднал, а околностите на инцидентот сè уште се предмет на истрага.

Веднаш по пријавата на местото пристигнале карабинери, пожарникари, медицински екипи и спасувачки тимови, кои започнале интензивна потрага по исчезнатиот професор.

Луиџи Кавалари е универзитетски професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Габриеле д’Анунцио“ во Кјети-Пескара. Тој и министерката Еугенија Рочела годинава одбележале 50 години брак.

Во едно од своите претходни интервјуа, Рочела изјавила дека со својот сопруг се запознала на 18-годишна возраст и дека оттогаш никогаш не се разделиле.

Потрагата продолжува, а италијанските служби вложуваат максимални напори за што побрзо да го пронајдат исчезнатиот. Засега нема официјални информации за неговата состојба.