ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД - Наместо да плати, го нападнал доставувачот и на крај ја шокирал полицијата!

ДРАМА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД - Наместо да плати, го нападнал доставувачот и на крај ја шокирал полицијата!

Триесет и тригодишен жител на Куманово пријавил во СВР Скопје дека бил физички нападнат додека извршувал работни задачи како доставувач на нарачки во Скопје.

Според пријавата, инцидентот се случил на 4 јуни 2026 година околу 14:55 часот на подрачјето на Центар. Доставувачот М.Ј. навел дека отишол да испорача нарачани производи, но лицето кое ја направило нарачката му соопштило дека нема пари за да ја плати.

По кратка расправија, осомничениот физички го нападнал доставувачот, а потоа ги зел производите и се оддалечил без да ја подмири нарачката.

Случајот бил пријавен во полиција на 5 јуни во 22:30 часот, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности.