ПРВ.мк
Црна Хроника

20-годишник тешко повреден откако со квад излетал од патот на Шар Планина - ова се деталите

20-годишник тешко повреден откако со квад излетал од патот на Шар Планина - ова се деталите

Двајца млади од тетовско се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на планинскиот пат во близина на селото Лисец, откако четирицикл излетал надвор од коловозот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 5 јули околу 21:24 часот. Четирициклот го управувал Ф.М. (20) од селото Пирок, а со него се превезувал и 19-годишниот А.Х., исто така од Пирок.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот поминал со полесни телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово, а причините за излетувањето на четирициклот се утврдуваат.